Битката за место во разигрувањето за пласман на „Фајнл-фор“ турнирот на Евролигата за Партизан продолжува со натпреварот против фаворизираниот Олимпијакос во Белград, а „црно-белите“ против грчкиот состав ќе има и сериозна предност.
Тренерот на „црвено-белите“, Јоргос Барцокас поради болест ќе ја пропушти средбата во „Штарк Арена“, а таму грчкиот тим ќе биде предводен од неговиот помошник Кристоас Папас, потврди и самиот Олимпијакос.
Со скор од 16 победи и 13 порази Партизан се наоѓа на седмото место на табелата и има предност од една победа пред Басконија и Жалгирис. До крајот на регуларниот дел од сезоната белградскиот тим го очекуваат натпревари и со Барселона, Реал Мадрид, Монако и Панатинаикос па секоја победа ќе биде злато вредна во исполнување на целта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА