Што би било тоа: Халанд, Мбапе и Винисиус во нападот на Реал Мадрид

Реал Мадрид полека се поготвува за генерациска смена во кои се очекува заминувања на великани како Лука Модриќ, Тони Крос и Карим Бензема. „Кралевите“ веќе се екипираа на средината на теренот со ангажманот на Камавинга и Чуамени, а сега на ред е нападот кој треба да биде навистина пеколен.

Шпанските медиуми пренесуваат дека трансфер цел на Реал Мадрид останува Килијан Мбапе, но нов таргет и е Ерлинг Халанд. Планот за Норвежанецот е да пристигне во „Сантијаго Бернабеу“ во 2024 година, а за истото е подготвен да издвои и со 220 милиони евра.

Со тоа голгетерската линија на мадридскиот тим би ги соединила Халанд, Мбапе и Винисиус Џуниор, трио кое оваа сезона е „виновно“ за 92 постигнати голови.

Се вчитува...