Никој како Кристијано: Роналдо е апсолутен рекордер во светскиот фудбал

Кристијано Роналдо го предводи нападот на Португалија на денешниот дуел со Лихтенштајн на кој големиот ас урна уште еден неверојатен рекорд во светскиот фудбал.

Имено, денешниот натпревар е вкупно 197. за Роналдо во дресот на Португалија, со што мегаѕвездата од вечерва е апсолутен рекордер по бројот на настапи во историјата на репрезентативниот фудбал.

Кристијано по завршувањето на СП беше израмнет со Бадер ал Мутава од Кувајт, но од денеска Роналдо е осамен во врвот и во оваа категорија на светскиот фудбал.

Се вчитува...