Фудбалската репрезентација на Македонија со тешка победа над Малта од 2-1 ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.
Во финишот на натпреварот повреда заработи Ѓоко Зајков поради која со амбулантно возило веднаш беше пренесен во болница.
„Се уште немам информации. Се надевам дека Ѓоко ќе биде во најдобар ред. Се работи за удар во глава и имаше вртоглавица, така да очекуваме подетални информации“, изјави селекторот Боби Милевски, на прес-конференцијата по средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА