Аргентина славеше со 2-0 над Панама во премиерниот меч што „гаучосите“ го одиграа по завршувањето на СП во Катар на кое стигнаа до светската круна.
И овој меч мина во знакот на Лео Меси, кој постигна еврогол од дваесетина метри од слободен удар, запечатувајќи ја победата на својата селекција. За Меси ова беше десетти гол од слободен удар во репрезентативниот дрес, асот на ПСЖ уште еднаш покажа дека не размислува за репрезентативна пензија, приредувајќи шоу за фановите на стадионот во Буенос Аирес.
Првиот гол за Аргентина на овој меч беше дело на Алмада, но ремек-делото на Меси е она за што уште долго ќе се зборува…
Leo Messi Goal Today vs Panama
The GOAT #Messi ♥️#Argentina pic.twitter.com/KsrWvGGaN9
— MgSak18 (@mdgolam_sakir) March 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

