Класата е вечна: Роналдо стрелец за Португалија дваесет календарски години во низа

Кристијано Роналдо нема намера да стави крај на репрезентативната кариера без оглед на конфликтот со сега веќе поранешниот селектор Сантош. Напротив, Кристијано продолжува да урива рекорди и да поставува стандарди што дефинитивно долги години ќе бидат недостижни во светскиот фудбал.

Тој стана играч со најмногу настапи за една репрезентација, прв фудбалер што стигнал до 100 гола на официјални натпревари во репрезентативниот фудбал, но најимпресивно од се делува податокот дека Роналдо во 20 календарски години во низа успевал да постигне барем по еден гол за Португалија.

Серијата почна уште на ЕП 2004, кога тој стрелаше прецизно во поразот во групната фаза од Грција, прв репрезентативен гол на Роналдо во осмиот меч во португалскиот дрес. Потенцијалот беше видлив уште тогаш, но Роналдо ги надмина сите очекувања, остварувајќи неверојатна кариера во која зад себе има 197 натпревари и 120 погодоци за Португалија.

Апсолутен рекордер…

Се вчитува...