Манчини: Ветераните можат да дадат уште многу за Италија

Роберто Манчини не го криеше разочарувањето по синоќешниот пораз на домашен терен од селекцијата на Англија, прв пораз пред своите гледачи на „аѕурите“ во еден квалификациски меч за ЕП уште од далечната 1999 година (2-3 од Данска во Неапол).

Ова беше прв пораз на Италија на домашен терен од Англија уште од 1961 година, но Манчини верува дека прикажаната игра во второто полувреме дава простор за оптимизам.

„Првото полувреме не мина како што сакавме, примивме два гола од прекин и беше тешко да влеземе во ритам. Вториот дел на теренот видов извонреден соств, одлична игра. За жал, не постигнавме и гол за 2-2, но начинот на кој игравме беше одличен. Секогаш сме почнувале добро во европските квалификации, а на крајот сме се мачеле, се надевам дека сега ситуацијата ќе биде обратна“, изјави Манчини.

Тој остана цврст на ставот дека не треба да изврши целосна смена на генерациите, откако беше критикуван што премногу им верува на дел од ветераните иако не му возвраќаат на вситиснки начин.

„Смешно ми е да се критикуваат оние поискусните, јас се уште тврдам дека тие можат да дадат уште многу за Италија и затоа се тука со нас. Не говориме за пензионери, луѓе од 36-37 години, туку за играчи кои надминале 30, но се уште не се ниту блиску до завршување на кариерите. Кога играте вакви дуели како овој со Англија, потребни ви се играчи кои знаат што значат овие натпревари, кои играле вакви средби во минатото“, истакна селекторот на „аѕурите“.

Се вчитува...