Панамците со Меси: Прво ќе те „тепаме“, после ќе се сликаме (видеа)

Лионел Меси беше во центарот на вниманието на синоќешниот дуел меѓу Аргентина и Панама, најдобриот фудбалер на денешницата постигна еврогол од слободен удар, а потоа ги воодушеви навивачите со низа извонредни потези.

Меси беше во фокусот на вниманието и на противничките фудбалери, кои на теренот не покажаа милост, со брутални стартови обидувајќи се да ги запрат неговите акции…

Затоа пак, кога натпреварот заврши, Панамците застанаа во ред за да земат автограми и да се фотографираат со фудбалската мегаѕвезда…

Се вчитува...