Германската компанија Порше нема да се приклучи на караванот во Формула 1 веднаш по воведувањето на новите правила во 2026 година, пренесуваат европските медиуми.
Порше е дел од групацијата Фолксваген, која во април минатата година објави дека Ауди и Порше сакаат да бидат дел од најбрзиот циркус од 2026 година. Во меѓувреме, Ауди купи удел во Заубер и си обезбеди сопствен влез во Формула 1.
За разлика од Ауди, Порше беше заинтересиран само за соработка со некои од постоечките конструктори. Најсериозни преговори беа со актуелниот шампион Ред Бул, но тие пропаднаа во септември. Во меѓувреме, австрискиот тим најави дека ќе користи мотори на Форд од 2026 година.
Соработката меѓу Алфа Ромео и Заубер ќе заврши на крајот од актуелната сезона и италијанската компанија целосно ќе се откаже од Ф1. Заубер неодамна за прв човек на тимот го назначи поранешниот прв човек на Мекларен, Андреас Зајдл, додека улогата на претставник на тимот на Алфа Ромео во Формула 1 ја има Алуни Брави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА