Баерн Минхен се очекува да потврди за отказот на Јулијан Нагелсман, откако вчера се појави информација дека младиот германски тренер е веќе „поранешен“. Неочекувано, 35-годишниот Нагелсман добива отказ, и тоа по само неполни две сезони во таборот на „Баварците“, кои за него платија рекордни 25 милиони евра отштета.
За отказот Нагелсман дознал додека бил на скијање заедно со својата девојка. Tој ќе остане на платен список на Баерн, со оглед дека има клаузула во договорот дека му следува огромна отштета доколку добие отказ во првите две години.
Меѓутоа Нагелсман нема да чека многу за новата работа. Имено, веднаш откако вчера се појави информацијата за отказот, се поврзува со клупата на Тотенхем, која ќе остане празна по завршувањето на сезоната, откако Антонио Конте ќе добие отказ. Со тоа Нагелсман ќе има можност првпат да работи надвор од Германија, со оглед дека досега ги водеше Хофенхајм, Лајпциг и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

