Месут Озил објави дека ја завршува професионалната кариера, а германскиот фудбалски генијалец неодамна обелодени и интересна случка при изборот на клуб во 2010 година.
Озил имаше одличен настап на СП во Јужна Африка и за него се интересираа бројни европски гиганти. На крајот, остана да се одлучи меѓу Реал Мадрид и Барселона, а Германецот откри дека клучен фактор во конечниот избор бил односот на двајцата тренери во тоа време, Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.
„Не стануваше збор за пари, бидејќи понудите беа речиси исти, требаше само да изберам меѓу Реал и Барса. Не знам дали е познато, но во тие неколку дена ги посетив Мадрид и Барселона, а разликата ја направи Жозе Мурињо. Тој ме покани на ВИП посета на Реал Мадрид, беше моја придружба на стадионот, ме однесе во музејот да ги видам сите трофеи што ги освоиле. Посетата на Барселона беше разочарувачка, најмногу поради Пеп Гвардиола, кој не најде време да дојде да се запознае со мене. Пред тоа патување искрено повеќе ја сакав Барселона бидејќи се препознавав во тој стил на игра, но откако ги посетив двата клуба се ми беше јасно – сакав да станам мадридиста“, изјави Озил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

