Почнува Мото ГП лудилото – Дукати фаворит, Бањаја го брани тронот

Се е подготвено за стартот на новата сезона во Мото ГП шампионатот, закажан за недела во 15 часот со трката што ќе се вози на патеката Портимао во Португалија. Пеко Бењаја изненади многумина откако ланската сезона успеа да стигне до титулата, но сега Италијанецот на Дукати ќе се соочи со реалноста – увидувајќи дека е многу полесно да стигнеш до тронот, а далеку потешко да се задржиш на него.

Љубителите на мотоциклизмот ќе имаат можност да уживаат во рекорден број на трки, дури 21 во оваа 2023 година. Специфично е што секој викенд резервиран за Мото ќе имаме по две трки, спринт во сабота и главна трка в недела, а бодови ќе освојуваат по деветте најбрзи возачи во секоја.

Дукати по 15 години стигна до титулата преку Бањаја, а општ впечаток е дека овој тим одамна не бил толку силен, ако се знае дека покрај актуелниот првак во своите редови го има и Бастијанини, кој минатата сезона забележа неколку фантастични победи.

Тимот на Прамак Дукати ќе биде претставуван од Жоан Зарко и од Хорхе Мартин, а настап во Мото ГП ќе има и полубратот на Валентино Роси, Лука Марани, како дел од ВР46 тимот.

Што се однесува до Јамаха, тимот останува ист како и во 2022, Фабрио Квартараро се надева на титула, но ќе мора да вози многу подобро отколку во вториот дел од ланската сезона.

Најголема енигма во 2023 година ќе биде тимот на Репсол Хонда, кој лани не забележа ниту една победа, но ќе се обиде да го поправи впечатокот со Марк Маркез и Џоан Мир во своите редови.

Шоуто може да почне…

Се вчитува...