И без Висар Муслиу против Фарските острови

Сосема е јасно дека селекторот Благоја Милевски на тест дуелот против Фарските острови во понеделник (27. март) на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде со комбиниран состав по победата над Малта на стартот од квалификациите за ЕП 2024.

Откако поради клупски обврски беше ослободен голманот Столе Димитриевски, Македонија ќе биде и без централниот дефанзивец Висар Муслиу на престојниот пријателски натпревар со Фарските острови. И Муслиу доби ослободување од селекторот Милевски, на барање на неговиот клуб, германскиот Ингелштад.

Како што е познато, пак, поради повреди секако ќе ги нема и Аријан Адеми, Доријан Бабунски како и Ѓоко Зајков кој се повреди на синоќешниот натпревар со Малта.

Репрезентативците кои не настапија на вчерашниот натпревар како и оние со помала минутажа денеска ќе одработат тренинг на теренот на центарот „Петар Милошевски“, а со комплетниот состав на кој Милевски ќе смети за мечот со Фарските острови првиот тренинг ќе е одработи утре од 17:30 часот.

Се вчитува...