Проблемите на Барселона со повредени првотимци од ден на ден стануваат се поголеми. Откако вчера Кристенсен се повреди и ќе мора да паузира најмалку три недели поради болка во мускулот, денеска стигна лоша дијагноза и за Френки де Јонг.
Холандскиот плејмејкер се повреди за време на последното Ел Класико, поради тоа воопшто не беше повикан од Роналд Куман за мартовските квалификации, но каталонците се надеваа дека паузата нема да биде долга. За жал, деталните прегледи покажаа дека проблемот не е наивен, станува збор за кинење на мускулни влакна и слично како во случајот на Кристенсен, пауза од најмалку дваесет дена.
Ова дополнително ја продолжува листата на повредени играчи на каталонците пред реваншот од Копа деј реј против Реал Мадрид, ако се знае дека Чави не може да смета ниту на Педри и Дембеле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

