Хорор-пад на стартот на Мото ГП, настрада Еспаргаро (видео)

Првиот тренинг во пресрет на неделниот старт на сезоната во Мото ГП шампионатот го одбележа страшниот пад на Пол Еспаргаро, кој не успеа да го исконтролира моторот на патеката во Португалија.

Еспаргаро ја загуби контролата на десетиот свиок, лизгајќи се дваесетина метри по патеката и потоа по песокот, за потоа да заврши во заштитната ограда, по што веднаш беше пренесен во болница.

За среќа, животот на овој мотоциклист не е доведен во прашање, но се здобил со повреди во пределот на грбот, рбетот и на белите дробови.

Се вчитува...