Еден ден откако официјално Баерн Минхен го смени Јулијан Нагелсман со Томас Тухел, се огласи и спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ. Отказот дојде сосема неочекувано, додека тренерот бил на скијање со својата девојка, па првите луѓе на „Баварците“ ја објаснуваа.
Салихамиџиќ кажа дека тоа било најтешката одлука која ја донел, и жали за разделбата.
„Ова беше најтешката одлука која ја донесов откако сум тренер на Баерн Минхен. Имав многу отворен и пријателски однос со Јулијан од првиот ден. И жалам што се разделивме. Сепак, после првите анализи, посебно од јануари наваму, а и од искуства кои сме ги имале во вториот дел од сезоната, заедно донесовме одлука да го смениме Јулијан. Во март минатата година имавме ваква неконстантна игра, и повоторно во септември, и сега одново. Победивме на пет од 10 меча во Бундеслигата, и кога тоа се случува, мора да реагираме. Не беше лесна одлуката. На крај му благодарам на Јулијан за се она што стори и му посакувам се најдобро“, рече Салихамиџиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

