Актуелниот светски првак Франческо Бањаја, е победник на првата спринт трка во историјата на Мото ГП шампионатот, завршувајќи пред Хорхе Мартин и Марк Маркес.
Воочи на големата трка за ГН на Португалија, Бањаја славеше со 19.52,862 минути, и така ги освои првите 12 бода во новата сезона.
Мартин освои девет, а Маркес седум бодови со второто и третото место.
Бодови во првата спринг трка освоија уште и Џек Милер, Маверик Вињалес, Алеш Еспаргаро, Мигел Оливеира, Жоан Зарко и Алекс Маркес.
Трката за ГН на Португалија е на програмата од 15:00 часот, а од пол позицијата ќе тргне Маркес кој беше најбрз во квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА