Некогашниот италијански репрезентативец Марио Балотели, кој сега е далеку од она што беше пред десетина години, упати серија на критики на италијанскиот селектор Роберто Манчини, поради тоа што не земал вистински напаѓач во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Италија го загуби првиот меч во групата од Англија со 1-2, а многумина беше изненадување да му даде шанса на Ретегу. Манчини после мечот истакна дека немал опции во нападот, а Балотели не се сложува со тоа.
„Во Италија има напаѓачи и тие се во форма. Верувајте ми. Жалењето е чувство на оние кои редовно не ја учат лекцијата“, напиша напаѓачот на Сион на „Инстаграм“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА