Филкруг со два гола донесе победа на Германија над Перу (ВИДЕО)

Германија не игра квалификациски натпревари, па го искористи тоа да одигра контролен натпревар против Перу во Мајнц. Никлас Филкруг беше херојот на Германците, кој постигна два гола во победата.

Филкруг најпрво во 12. минута по асистенција на Хаверц, донесе предност. Потоа во 33. минута откако беше проигран од Волф од десната страна, уште еднаш го најде патот до мрежата.

Триумфот на Германија можеше да биде и поубедлив, ако Хаверц во 67. минута погодеше од белата точка.

Се вчитува...