„Го молев Роналдо да ослабе, но…“

Бразилскиот Роналдо во својата кариера ги „уништуваше“ противничките голмани и одбрани. Да немаше тешки повреди во дресот на Интер, и да не го сакаше повеќе ноќниот живот, можеби сега ќе се зборуваше за најдобар играч на сите времиња.

И во приватниот живот Бразилецот не се штедел. Водел запуштен живот, сакал излегувања и жени и не им давал на значење на советите на Фабио Капело да внимава на себе, за да биде уште подобар.

Капело се сеќава дека гигантот Реал Мадрид направил вистински потег кога во 2007 година се ослободил од Роналдо.

„Тоа што се ослободија од него направија вистински потег. Не, не се шегувам. Разговарав со претседателот и му кажав да го избрка. Имаше 94 килограми, разговарав со него и го прашав колку килограми имаше кога го освои Мундијалот во 2002 година. Ми рече дека тогаш имал 84. Го замолив да ослабе и му реков дека не може таков да игра. Не можеше. Едноставно го сакаше ноќниот живот и жените. Со него заедно заминаа и многу други играчи. Му реков на претседателот дека мора да го продаде. Беше блиску до С. Арабија, а тогаш ме повика Берлускони. Ме праша во каква ситуација е, му реков дека сака ноќен живот и дека е дебел. Ми се заблагодари и утредента го видов во дрес на Милан“, рече Капело.

Се вчитува...