Таткото на ѕвездата на Јувентус е бездомник: „Барам покрив над глава“

Со само 23 години, Моисе Кин е еден од фудбалерите кој има можност да тренира и да игра во најтрофејниот италијански тим Јувентус. Кин заработува годишно повеќе од 3 милиони евра, а неговиот татко е бездомник.

Биору Жан Кин ја откри својата драма, но истакна дека неговиот син никогаш не се грижел за него, иако пробал да стапи во контакт преку клубот.

„Нормално дека Моисе е мој син, меѓутоа немам контакт со него. Се обидов да разговарам со Јувентус и со Павел Недвед, но ништо не се случи. Бездомник сум веќе еден месец. Немам намера никому да давам податоци за мојот син. За мене никогаш никој не се грижеше, па нема ниту јас да се грижам за другите. Сега сум на улица и морам да најдам покрив над глава. Градоначалникот на Фосано знае за моите тешкотии и бара дом за мене“, рече Биору Кин.

Оваа сезона Кин одигра 34 натпревари и постигна седум гола. Тој поттекнува од академијата на Торино, а потоа замина во младинците на Јувентус.

Се вчитува...