Фудбалската репрезентација на Мароко и по одличниот настап на Светското првенство во Катар каде стигна до четвртото место продолжува со одличните игри откако синоќа во пријателски натпревар славеше против петкратниот светски шампион Бразил со 2-1.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Софијан Буфал во 29. минута, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел Бразилците израмнија на 1-1 преку Касемиро во 67. минута, додека голема победа за Мароканците донесе Сабири во 79. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

