По успешниот старт на квалификациите за Европското првенство и победата против аутсајдерот во групата Ц, Малта (2-1) фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува пријателски меч против Фарски Острови.
Најдобриот фудбалер во македонската репрезентација Елјиф Елмас пред мечот со Фарски Острови вели дека тоа што се случува во Наполи и одличната сезона во моментов не му е важно, туку е фокусиран само на Македонија.
„Сите сме максимално мотивирани на секој натпревар кога играме за репрезентацијата. Исто ќе биде и утре. Во моментов Наполи и одличната сезона која што е зад нас не ми е важна, важна ми е Македонија и фокусиран сум на неа. Се надеваме на нов позитивен резултат, иако Фарски Острови се селекција со сериозен напредок која секако не треба да ја потцениме“, изјави Елмас.
Натпреварот кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА