Три месеци по ветувањето, Хуан Мартин дел Потро повторно се огласи и потврди дека ќе се обиде да го одржи зборот и да настапи на годинашното издание на последниот гранд-слем турнир УС опен.
Легендарниот Делпо се повлече од тенисот пред околу една година бидејќи не можеше да се опорави по неколку операции на коленото и повторно да заигра. Сепак, ден пред финалето на Светското првенство во Катар, тој вети дека ќе се обиде повторно да игра доколку Аргентина ја освои титулата.
„Како што кажав, ќе се обидам да играм на УС Опен. Тенисот нема да ми биде проблем, но коленото. Тој турнир е посебен за мене и ќе дадам се од себе да се подготвам. Има доволно време, ќе почнам да тренирам и да видам како ќе реагира мојата нога“, изјави Дел Потро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА