„Надал ќе се прости од тенисот на еден од овие два турнира“

Вујкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, Тони изјави дека повеќе не се осмелува да го советува својот поранешен ученик. Двајцата поминаа повеќе од две и пол децении заедно, но од 2017 година Тони нема никакво влијание врз тимските одлуки на поранешниот број еден.

Тони Надал во интервју за „Марка“ откри на кој од турнирите би можел да се прости од професионалната кариера неговиот внук.

„Во Мадрид или на Ролан Гарос. Времето ќе покаже каде, а тој ќе донесе одлука. Кога ќе го освоите трофејот, се убедувате себеси дека сè уште имате што да дадете. Тешко е да се пензионирате кога победувате. Мислам дека само Сампрас го направи тоа. Не зборував за тоа со Рафа“, изјави Тони Надал. 

Се вчитува...