Нова сезона стари навики: Победа за Бањаја, Маркез не ја заврши трката

Актуелниот шампион во кралската класа во Мото ГП шампионатот Франческо Бањаја со победа ја почна одбраната на титулата. Тој откако славеше на вчерашната спринт трка која беше прва во историјата во овој шампионат, денеска беше убедлив и на главната трка за Големата награда на Португалија.

Второто место му припадна на Маверик Вињалес на Априлија, додека подиумот го надополни Марко Безекини што значеше подиумот за тимот на легендарниот Валентино Роси.

Најдобриот мотоциклист на денешницата дефинитивно веќе ја нема шампионската аура откако и во новата сезона не успеаја да ја заврши првата трка. Шпанецот уште во вториот круг по еден мал допир со Хорхе Мартин не успеа да го исконтролира својот мотор по што заврши во Мигел Оливеира, а и за двајцата возачи заврши трката.

Се вчитува...