Фудбалската репрезентација на Англија ја забележа и втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија откако на домашен терен славеа над Украина со 2-0.
Англичаните сите дилеми околу победникот ги решија во периодот од 37. до 40. минута во првото полувреме. Хари Кејн донесе водство од 1-0 за „гордиот албион“, додека вториот погодок беше дело на Бакајоко Сака.
Во останатите мечеви од понудата од 18 часот: Словенија – Сан Марино 2-0 и Лихтенштајн – Исланд 0-7.
England [2] – 0 Ukraine – Bukayo Saka great goal 40'
byu/Todibo insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

