Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години го забележа и вториот убедлив пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство. По катастрофалните (13-0) на првиот меч против Германија избраничките на Катерина Милеска денеска беа поразени од Португалија со 7-0.
Селекторот на младата женска селекција на Македонија до 17 години, Катерина Милеска за овој турнир се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Ведрана Комненова, Мери Васева;
Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јованоска, Мина Коваческа, Елена Љондевска, Михаела Марковска, Мила Панева, Катерина Петкова;
Среден ред: Теона Галабовска, Ива Јосифова, Рона Рустеми, Никица Трендова, Васка Василева, Ева Величкова;
Напад: Ана Борзоска, Мелиса Милица Димитриски, Анастасиа Илиевска, Настасја Накова, Јована Павловска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА