Расмус Хојлунд е вистински хит по двете кола во квалификациите за ЕВРО 2024. Младиот Данец ги отвори истите со хет-трик против Финска, а голгетерската форма ја продолжи и на дуелот против Казахстан каде два пати ја тресеше мрежата.
Неговата статистика од квалификациите за собирот на најдобрите европски репрезентации е неверојатна. Тој упати девет директни удари кон противничкиот гол, а пет пати ја затресе мрежата, користејќи 80 отсто од големите шанси.
Со тоа го засени и Кристијано Роналдо кој постигна четири гола против Лихтенштајн и Луксембург.
Дваесетгодишниот фудбалер на Атланта неодамна се најде на радарот на Интер кој во него гледа замена за Ромелу Лукаку, но со добрите настапи во Серија А го примами и интересот на премиерлигашот Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

