Маркез ја пропушта трката во Аргентина

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез ќе ја пропушти следната трка во Мото ГП шампионатот поради повреда на десната рака, соопшти неговиот тим Репсол Хонда.

Маркез се повреди на првата трка во шампионатот на ГН на Португалија, кога удри во домашниот мотоциклист Мигел Оливеира. По враќањето во Шпанија, на Маркез му е дијагностицифирано кршење на метакарпалната коска во десната рака, и веднаш е опериран.

Шестократниот првак и неговиот тим одлучија дека подобро би било Шпанецот да ја пропушти наредната трка во Аргентина, како би се фокусирал на опоравувањето, за следните трки да ги дочека во најдобра форма.

Трката во Аргентина е на програмата 2. април.

Се вчитува...