„Кристијано Роналдо е единствен и уникатен човек“

Селекторот на португалската репрезентација Роберто Мартинез вели дека Кристијано Роналдо останува дел од неговите планови.

Во победата од0-6 над Луксембург на стартот од квалификациите за ЕВРО 2024, Роналдо постигна два гола и со 198 натпревари стана рекордер по бројот на настапи за националниот тим.

„Кристијано е уникатен играч во светот, со најголем број настапи за националниот тим. Искуството што го има е многу важно за соблекувалната. Сите играчи имаат важна улога, помладите поради нивната волја и мотивација, а искуство носат Кристијано, Руи Патрисио и Бернардо Силва. Важно е да имаме комплетна соблекувална“, изјави Мартинез.

Се вчитува...