Поранешниот број еден во светскиот тенис и сопственик на 11 гранд-слем трофеи, Бјорн Борг е убеден дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе продолжи да ја игра водечката улога кога е во прашање борбата за трофеи на четирите најголеми турнири.
Швеѓанецот, кој будно ги следи натпреварите на Мастерсот во Мајами, вели дека тоа што Новак го прави за тенисот е многу добро, исто како и Рафаел Надал.
„Што се однесува до Новак, мислам дека дефинитивно ќе освои барем уште една или два гранд-сллем трофеја, кој знае. Она што го прави за тенисот воопшто е неверојатно. Тој сè уште ги поместува границите, сака да биде најдобар на сите времиња , освојува титули и урива рекорди и на тој начин испишува историја. Тој е фантастичен играч“, вели Борг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА