Фудбалерот на Кордоба Драгиша Гудељ, успешно се опоравува откако колабираше на теренот. Тој падна на теренот при натпревар во третата шпанска лига, по што докторите два пати го реанимирале.
Дека ситуацијата е сериозна, открија лекарите кои го реанимирале речиси пет минути. Медицината вели дека три минути без пулс би можело да биде толки опасно да остави трајни оштетувања на мозокот, но младиот играч зачудувачки сакаше да се врати на теренот.
Докторот кој го реанимираше објаснија колку беше тешка ситуацијата.
„Тоа да му се случеше во некоја друга ситуација, не би зборувале за ист исход“, рече Жозе Бретонес, докторот на Кордоба кој кажа дека морале да го реанимираат Гудељ од втор обид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА