Ѕвездата на Баерн си ја отвори душата: Лузер сум, девојката не живее со мене, имам само пет пријатели

Алфонсо Дејвис е еден од најдобрите фудбалери во последните години во Баерн Минхен. Тој игра на позицијата лев бек и себеси се смета за лице на канадската репрезентација за која постигна гол против на Светското првенство во Катра.

Дејвис се преселил во Канада со своето семејство во 2005 година, но од 2015 година живее сам. Потоа се приклучи на тимот на Ванкувер Вајткепс, кој го продаде на Баерн во јануари 2019 година.

„Малку сум загрижен што немам што да правам, особено што сите мои пријатели имаат работа. Животот на професионалниот фудбалер е одличен за опуштање и уживање, но после тренинг немам што да правам. Немам семејство, а девојка ми не живее со мене. Сам сум и имам веројатно само пет пријатели. Јас сум популарен губитник“, изјави Дејвис.

Дејвис оваа сезона за Баерн има три гола и осум асистенции во сите натпреварувања.

Се вчитува...