Шест играчи на Баерн биле против Нагелсман

Пола тим од играчите на Баерн, биле против сега веќе екс тренерот Јулијан Нагелсман. На крајот гигантот од Минхен мораше да попушти и да застане на страната на играчите, и да го смени Нагелсман со Тухел.

Според „Билд“, против Нагелсман биле Гнабри, Сане, Мусиала, Кансело, Мане и голманите Нојер и Улрих. Последните двајца беа против Нагелсман поради смената на тренерот на голманите Тони Тапаловиќ.

Според изворот, Нагелсман имал и поддршка од неколку играчи, а тие се Кимих, Горецка, како и Де Лихт, Упамекано и Павар. Искусниот Милер останал неутрален.

Се вчитува...