Луксембург е редовен „пациент“ на Роналдо, против нив постигнал дури 11 гола

Кристијано Роналдо од своите 122 гола во репрезентацијата, најмногу погодувал против Луксембург – 11 пати. Вчера Португалецот постигна два гола во победата од 0-6 на вчерашниот меч.

На второто место на листата на Роналдо се најдоа Шведска и Литванија, против кој има седум гола, додека против Ангора и Унгарија има погодено шест пати.

Роналдо стана најдобар стрелец на Португалија, откако дојде до бројката 122 гола. Тој сега има повеќе голови и од следните најдобри стрелци Паулета, Еузебио и Фиго заедно.

Се вчитува...