Од проблем во проблем: Тотенхем на пријателски натпревар остана без клучен играч

Турболенциите во Тотенхем продолжуваат и по отказот на Антонио Конте. „Петлите“ по заминувањето на италијанскиот стратег се соочуваат со уште една тешка загуба откако до крајот на сезоната најверојатно нема да можат да сметаат на услугите на Емерсон Ројал.

Десниот бек заработи тешка повреда на коленото во судиското продолжение од пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Мароко и според првичните информацции отсуството ќе биде најмалку шест недели, но ќе мора да помине и низ операција со што мала е веројатноста дека Бразилецот ќе се врати на теренот до крајот на сезоната.

Се вчитува...