Турболентната сезона на Тотенхем донесе промена на тренерското место од каде замина Антонио Конте. Италијанскиот стратег не успеа да ги внесе „петлите“ во трката за титула во Премиерлигата, а потфрли и во останатите големи натпреварувања па доби отказ и тргна по патот на многумина пред него како Маурисио Покетино, Жозе Мурињо, Нуно Еспирито Санто…
А проблемот со неуспехот на Тотенхем поранешниот фудбалер на тимот, Џејми Реднап не го бара во тренерите, туку во раководството.
„Не сум изненаден што не функционираше со Конте. Тоа е тежок клуб за водење, отсекогаш било така. Во последно време менаџерите не успеаваа да постават контрола бидејќи се контролира Даниел Леви. Тој сака да одлучува и мислам дека тој е главниот проблем на Тотенхен. Клубот нема култура, а таа започнува од врвот на хиерархијата. Не можат да потпишат големи играчи. Ричарлисон, Ив Бисума… не можеш нив да ги наречеш играчи кои можат да ја променат културата. Кога бев во клубот имав чувство дека тој не е направен за победување“, вели Реднап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

