Ново „шоу“ на Јокиќ, нова победа на Денвер (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл во победата на Денвер над Филаделфија со 116-111. Со тоа Нагетси го задржаа првото место на Западот, со одлична предност пред Мемфис и Сакраменто.

Јокиќ дојде до новиот трипл-дабл веќе во третата четвртина. Ова за него беше 29-ти трипл дабл сезонава во НБА. Денвер водеше речиси цел натпревар, а гостите кои играа без Ембид, во финишот можеа да направат пресврт. Дојдоа до заостанување на три поени, меѓутоа не успеаја да дојдат до победа.

Јокиќ го заврши мечот со 25 поени, имаше 17 скока и 12 асистенции.

 

Кошаркарите на Далас предводени од Лука Дончиќ, дојдоа до победа над Индијана со 127-104. Словенечкиот кошаркар имаше учинок од 25 поени.

Сакраменто полека го губи чекорот со водечките, по поразот на домашен терен од Минесота. Натпреварот беше неизвесен, двата тима правеа серии со кои се менуваа во водствата, на крајот Минесота стигна до победата.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Милвоки 117:126
Индијана – Далас 104:127
Њујорк – Хјустон 137:115
Јута – Феникс 103:117
Денвер – Филаделфија 116:111
Портланд – Њу Орлеанс 90:124
Сакраменто – Минесота 115:119
ЛА Клиперс – Чикаго 124:112

Се вчитува...