Бизарна повреда на играч на Динамо: Од бес удрил по врата и го скршил прстот

По поразот на Динамо Загреб од Истра на гостински терен со 1-0, стоперот на „модрите“ Дино Периќ, целосно ги изгубил нервите. Го совлада бес па на влезот во соблекувалната удрил силно со раката во вратата, по што заработил повреда и го скршил палецот.

Со скршен палец го одигра мечот против Ријека, но потоа замина на операција. Опоравувањето ќе трае 6-8 недели, а Динамо веќе има сериозни проблеми на позицијата стопер.

Дополнителен проблем за Динамо може да претставува и заминувањето на Аријан Адеми, кој веќе е во Кина и треба да се приклучи на тимот на Пекинг Гуоан.

Се вчитува...