Меѓународниот олимписки комитет во текот на денот даде препорака руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат на големите натпреварувања, меѓутоа со некои услови.
Претседателот на ИОК, Томас Бах изјави дека тоа не гарантира дека спортистите од Русија и од Белорусија ќе бидат на ОИ во Париз 2024 година, но препорача нивно реинтегрирање на меѓународните натпреварувања.
Препораката засега би важела само за спорсти во поединечните спортови, во кои Русите и Белорусите ќе настапат под неутрално знаме. Спорстите кои отворено ќе ја поддржат агресијата на Украина, нема да може повеќе да се натпреваруваат. Тимските натпреварувања и натаму ќе бидат затворени, а МОК препорача Русија и Белорусија да не смеат да организираат големи натпреварувања.
Реагираа од Олимпискиот комитет на Русија каде што ваквите услови ги сметаат за неприфатливи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА