Во средбата од 2. коло во квалификациите за пласман на ЕП 2024, Грузија на домашен терен одигра 1-1 против Норвешка. Праткично Грузијците може да бидат позадоволни од овој резултат, со оглед дека на 1-1 Норвешка промаши два зицери преку Сорлот и Одегард. Кај Сорлот, практично, грузискиот голман одлично интервенираше, додека Одегард се посрамоти.
Особено ќе се памети оној на Одегард, кој од 6-7 метри осамен го промаши целиот гол и ја упати топката високо над голот. Ниту тој самиот не можеше да верува што промаши, а неговите соиграчи му даваа утеха.
Доколку погодеше, сигурно дека Норвешка ќе ги освоеше бодовите. Вака останува само на еден освоен, после поразот на првиот меч против Шпанија во Малага.
Промашувањето на Одегард погледнете го ТУКА.
Промашувањета на Сорлот на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА