Покрај суспендираната Русија, УЕФА наводно размислува за суспензија и на Белорусија од сите натпреварувања, односно исфрлање на нивната репрезентација од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Белорусите стартуваа со два порази од Швајцарија и од Романија, и со нула бодови се на последното место во групата. Тие се во групата уште и со Косово, Андора и Израел.
За евентуалното исфрлување на Белорусија, УЕФА ќе одлучи на следниот Извршен комитет на 4. април. Инаку Белорусија е сојузник на Русија, која е суспендирана поради агресијата врз Украина.
Покрај репрезентацијата, веројатно ќе бидат суспендирани и сите нивни клубови од играње на меѓународните натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА