Ѓоковиќ на мечот на Ц. Звезда ја загуби банкарската картичка, а потоа му олесна… (ВИДЕО)

Шоуто на кошаркарите на Црвена Звезда во Евролигата и победата над Валенсија од 92-73 им го открадна Новак Ѓоковиќ во преполниот Пионир. Пет дена откако гледаше како Партизан го победува Олимпијакос, Ѓоковиќ сега сведочеше на победа на тимот за кој навива.

На полувремето околу него се собраа бројни обожаватели за фотографии, но вниманието го привлече моментот кога Новак на едно од три деца кои во друштво дојдоа до него, по фотографирањето му даде 100 евра во џеб.

Српските медиуми пренедуваат дека тоа се случило затоа што тие во паркот блиску до салата ја пронашле банкарската картичка на еден од најбогатите светски спортисти и му ја вратија, па Ѓоковиќ ги награди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)

Се вчитува...