Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане важи за голем хуманитарец, помагајќи на милиони лица во својот Сенегал со изградба на болници, школи, но со донации на финансиски средства.
Но, дојде време некому и да одмогне. Неговата темна страна ја почувствува Јулијан Нагелсман, довчерашниот тренер на Баерн Минхен.
Одлуката за отказ за Нагелсман од страна на Баерн изненади многумина, посебно ако се знае дека беше на пат кон освојување не само на Бундеслигата, туку и Лигата на шампионите. Па, темата за неговиот отказ не запира и после неколку дена и откако Томас Тухел е именуван за нов тренер.
Фокусот на германските медиуми кои пишуваат за отказот на Нагелсман, е пред се кон лошата атмосфера во соблекувалната. Многу се зборуваше за судирот на младиот тренер со Мануел Нојер, но сега се повеќе се зборува и за несогласувања и со други фудбалери.
„Билд“ открива дека главната причина за отказот на Нагелсман е Садио Мане. По мечот на Баерн со ПСЖ во Лигата на шампионите овој месец, се случил инцидент меѓу тренерот и Мане. Сенегалецот агресивно искажал незадоволство од добиената минутажа. Нагелсман бил ужаснат од неговото однесување, но после неколку денови Садио Мане се појави од првата минута на првенствениот дуел против Аугсубург.
Сепак, Мане бил агресивен во одност кон Нагелсман, сето тоа го знаеле и од раководството на Баерн Минхен кои одлучиле да ја смират ситуацијата во соблекувалната со отказ за дотогашниот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА