Трката за најкорисен играч на регуларниот дел на сезоната во НБА лигата се води помеѓу Никола Јокиќ и Џоел Ембид. Српскиот и камерунскиот центар доминираат во првенството, Денвер и Филаделфија веќе се во плејофот, а како што се приближува крајот на сезоната се поголема е дебатата за овие два кошаркари.
Јавноста во САД е настроена кон Ембид, но во полза на Камерунецот не оди фактот дека не настапи во директниот дуел против Србинот. Ембид ја пропушти средбата против Денвер, а сега говореше на таа тема велејќи дека и самиот е фан на Јокиќ, а на пропуштениот натпревар не гледа како сериозна работа.
„Немам што да докажувам. Навистина не ми е битно дали ќе победам во еден натпревар или не. Јас сум фокусиран на прстен. Најважен е плеј-офот. Сите пропуштаат натпревари и тоа не е прв пат да не играм против Никола. Тој е неверојатен играч, двократен МВП, еден од најдобрите во првенството и јас сум негов голем фан. Тоа што не играв против него тоа е голем проблем, но пред мене е поголема цел, а тоа е да останам здрав ово плеј-офот“, вели Ембид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА