Поразот од Борац Чачак го доведе МЗТ Скопје до „невозможна мисија“ за опстанок во АБА лигата. За истото на македонскиот шампион му се потребни победи до трите натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната, но истовремено и порази на српскиот тим во дуелите со Сплит, Црвена Звезда и Будуќност.
Првиот од „серијалот“ на натпревари кои им претстојат на „сино-белите“ е овој против Задар кој ќе биде одигран денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20 часот.
Против хрватскиот состав кој се бори за влез во плеј-офот на регионалното првенство нема да биде лесно, но од таборот на скопскиот тим веруваат во квалитетно издание кое ќе доведе до победа.
„Мора да дадеме се од себе за да дојдеме до посакуван резултат на мечот против Задар. Противникот е силен, играч одлично сезонава, поради што секако дека нема да биде лесно. Време е да одиграме најквалитетно што можеме, а ако го строиме тоа тогаш може да се надеваме на триумф“, вели Кеандре Кук.
Првиот меѓусебен натпревар оваа сезона заврши со убедлива победа на задрани во натпревар во кој блесна Лука Божиќ со „ол-ароунд“ натпревар проследен со 27 поени, 10 скока и 7 асистенции, а крилото повторно ќе биде во фокусот на натпеварот во нашиот главен град.
Во полза на МЗТ Скопје во тој поглед е меѓусебниот скор во натпреварите одиграни во Скопје каде аеродромци имаат биланс од четири победи и два порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА