Таварес: Ќе биде лудо во Белград, Србија засекогаш ќе ја паметам по добро

Натпреварот помеѓу Партизан и Реал Мадрид во 32. коло од Евролигата носи добри спомени за Валтер Таварес каде центарот на „кралевите“ во „Штарк Арена“ во 2018 година се израдува на единствениот трофеј во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Пред натпреварот со „црно-белите“ Таварес емотивно говореше за српските медиуми изјавувајќи дека Србија и Белград засекогаш ќе имаат посебно место во неговото срце.

„Србија засекогаш ќе има посебно место во моето срце. Тука ја освоив Евролигата во многу тежок турнир и „Штарк“ арената секогаш ќе биде посебен дел од мојата приказна. Затоа секогаш сум радосен кога се враќам во Белград. Ги гледам навивачите на Партизан како навиваат за својот им и изгледа дека е навистина спектакуларно да играш тука. Атмосферата ќе биде луда“, вели Таварес.

Се вчитува...