Вистинска сензација на Мастерс турнирот во Мајами со победата во полуфиналето на Италијанецот Јаник Синер против шпанскиот тенисери Карлос Алкараз, по која, пак, Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што не доби дозволи за настап во САД се враќа на врвот од АТП листата.
Синер со пресврт го доби мечот со 6-7, 6-4 и 6-2 па во финалето ќе се сретне со Русинот Медведев кој го победи Карен Хачанов со 2-1.
Извонредни поени им презентираше Синер на присутните тениски фанови со кои ги освои срцата на љубителите на тенисот.
Point of the year#Sinner #Alcaraz #AlcarazSinner pic.twitter.com/TpGaoOT8MP
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) April 1, 2023
Со овој пораз Алкарас ќе го загуби првото место на АТП листата, а Новак Ѓоковиќ повторно ќе се врати на лидерската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

