Незапаметено: Хезоња и Муса со овации испратени од „Гробари“, тие возвратија со благодарност и воодушевување (ВИДЕО)

Кошаркарите на Реал Мадрид едноставно не можеа да победат синоќа во Белград во атмосфера каква сервираа феноменалните „Гробари“.

Пред рекордни 20.068 навивачи, „кралевите“ не можеа ништо освен да им честитаат на белграѓани. Но, неверојатните навивачи во „Штарк арена“ синоќа го воодушевија светот и со односот по мечот кон кошаркарите на мадридскиот великан кои ги поздравија со овации.

Посебно тоа се однесува за хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња и кошаркарот од БиХ, Џанан Муса. Оваа двојка навивачите на Партизан и пред мечот ја издвојуваа како најдобрата на светот.

 

Посебно хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња во Белград има култен статус затоа што како 17-годишник изјави дека не би имал ништо против доаѓање во Партизан на кого му се воодушевува поради работата со младите, и поради навивачите.

„Се знае каков е теренот тука, каква е публиката, каква е екипата. Секоја чест за дочекот за мене на фановите и на целиот клуб. Им честитам на феноменалната сезона која ја играат и навистина им посакувам многу среќа. Им благодарам од срце за се ова“ – изјави по мечот Хезоња, а потоа преку социјалните мрежи се заблагодари уште еднаш со снимка од овациите додека заминува од терен.

Се вчитува...